Овластен
Судски
Преведувач
Норвешки – Македонски
Судски преводи со заверка со печат за официјална употреба во земјата и странство.
Побарај превод
Судски преводи
Заверени преводи со печат и потпис
За официјална употреба
Прифатени од институции во земјата и странство
Прецизност и доверливост
Точни преводи со внимание кон секој детал
Навременост
Почитување на рокови и брза комуникација
За мене

Македонка Милкова
Овластен судски преведувач
Норвешки – Македонски
Професионален превод
на норвешки и македонски јазик
Како овластен судски преведувач (за сега единствен) за норвешки–македонски јазик, ви нудам професионални и сигурни преведувачки услуги за сите видови документи. Секој превод е изработен со највисока грижа и во согласност со законските стандарди на Република Северна Македонија.
Регистрирана сум во официјалниот регистар на судски преведувачи на Министерство за правда на РСМ. Преводите се заверуваат со официјален печат и потпис, со кои добиваат целосна правна важност — прифатени од судовите, државните институции и амбасадите во Македонија, Норвешка и насекаде во светот.
- Лични документи (изводи, уверенија, лични карти, пасоши)
- Образовни документи (дипломи, додатоци, уверенија)
- Правни и судски документи
- Договори и деловни документи
- Други документи за официјална употреба

Судски
Преведувач
Услуги
Услуги за превод
Професионален превод и заверка на сите видови документи со гаранција за квалитет и точност.
Документи
Најчесто барани документи
Превод и заверка на сите видови документи потребни за официјална употреба во Норвешка и Македонија.
Образовни документи
- Факултетска и средношколска диплома
- Додаток на диплома (Diploma Supplement)
- Уверение за завршено образование
- Нострификација на диплома за Норвешка
Лични и семејни документи
- Извод од матична книга на родени
- Извод на венчани / венчаница
- Пасош и лична карта
- Документи за државјанство
Сообраќај и возила
- Сообраќајна дозвола
- Возачка дозвола
- Регистрација на возило
- Документи за царинење
Работа и престој во Норвешка
- Документи за работна дозвола (UDI)
- Дозвола за престој
- Пријава на живеалиште
- Потврда за работен однос
Правни и нотарски документи
- Договори и полномошни
- Нотарски акти и тестаменти
- Судски пресуди и одлуки
- Документи за апостил и легализација
Медицински и останати
- Медицинска документација и епикризи
- Лекарски потврди
- Уверение за неосудуваност
- Пензиски документи
Прашања
Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања за судски превод, заверка и постапка за нарачка на документи.
Што е судски (заверен) превод?
Судскиот превод е официјален превод на документ изработен и потпишан од овластен судски преведувач регистриран во Министерство за правда. Преводот се заверува со личен печат и потпис и има целосна правна важност во земјата и странство — прифатен од судовите, државните институции и амбасадите.
Кои документи треба да се преведат на норвешки?
За живот и работа во Норвешка најчесто се преведуваат: дипломи и уверенија, изводи од матична книга на родени, венчален лист, лични карти и пасоши, возачки и сообраќајни дозволи, полициски потврди за неосудуваност и евентуално медицинска документација.
Дали преводите се прифатени во Норвешка?
Да. Преводите изработени од овластен судски преведувач регистриран во МП на РСМ се прифатени од норвешките институции: UDI (Utlendingsdirektoratet), Skatteetaten, Lånekassen и сите останати државни органи во Норвешка.
Колку трае изработката на превод?
Рокот зависи од обемот и сложеноста на документот. Стандардни документи (извод, диплома, возачка дозвола) обично се завршуваат за 1–3 работни дена.
Како да нарачам превод?
Контактирајте мè преку формата на страницата или е-маил (milkovam@norveskiprevod.mk). Испратете скен или фотографија на документот и ќе добиете информации за рок и цена. Пред да се подигне преводот, оригинал документ мора да биде доставен.
Каде сте лоцирани и дали испраќате по пошта?
По завршување, преводот може да ви биде испратен по препорачана пошта или преземен лично по договор. Пратка по пошта ја покрива купувачот.
Официјална регистрација
Не оставајте ги вашите важни документи во рацете на неовластени лица. Верификувајте го мојот статус директно на официјалната страна на Министерството за правда на Република С.Македонија.
Отворете го регистаротВи треба судски превод?
Јас сум тука да ви помогнам.
Контакт
Испратете барање
Имате потреба од превод? Испратете ми порака со детали за вашиот документ и ќе ви одговорам со понуда и рок на изработка.
Е-маил
milkovam@norveskiprevod.mk